1,7K
Поранешниот голман на Партизан Радиша Илиќ извршил самоубиство, објавија утрово српските медиуми.
Илиќ дресот на Партизан го носеше д 1998 до 2003 и од 2010 до 2013 година. Во тој период освои пет титули и две во Купот на Србија.
Кариерата Илиќ ја започна во Слобода Ужице, а потоа бранеше уште за Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Београд и Пансераикос.
Успеа да запише и еден настап за репрезентацијата и тоа против Македонија во натпреварот кој се играше на 6 февруари 2008 година.
По завршувањето на кариерата продолжи да работи и како тренер, а еден период беше дел и од стручниот штаб на екс-селекторот Славољуб Муслин.