Извесно е дека
Антонио Конте е на излезна врата од Челси, а во тимот од Лондон го презеде
кормилото откако го напушти селекторското столче на Италија по Европското 2016,
каде со Аѕурите стигна до четвртфиналето.
Потоа се случи
еден шок за италијанските навивачи, нивната селекција под водство на Џампјеро
Вентура не обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, настана огромен
притисок врз челниците на италијанскиот фудбал, а Карло Тавекио, најпосле си
поднесе оставка, токму тој проговори за неговата најголема грешка.
„Мојата најголема
грешка беше тоа што не му ги дадов бараните 2.5 милиони евра повеќе на Конте,
кои тој самиот ги бараше за да остане. Антонио заработуваше 4 милиони евра,
потоа бараше 6.5. Тој ќе останеше со Аѕурите а ние денес ќе бевме во Русија,
сигурен сум“ рече Тавекио.