Таткото на Нејмар става крај на шпекулациите за иднината на неговиот син

by
1 минути читање

Таткото на Нејмар во емисија за француската телевизија РМС Спорт, изјави дека неговиот син нема намера да си замине од ПСЖ ова лето.

„Нејмар пред две години ја покажа желбата да биде во ПСЖ и фановите можат мирно да спијат. Тој не сака да си замине од ПСЖ, сака да остане и да му помогне на тимот да освојува титули како француското првенство и Лигата на шампионите“, изјави таткото на Нејмар.

Нејамр се поврзува со враќање во Шпанија, почесто се пишува за Реал Мадрид, но не се исклучува ниту Барселона. Сепак ако се точни тврдењата на неговиот татко, тој ќе остане во ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×