Ел Мундо синоќа
објави дека Нејмар доставил нова тужба до Барселона и бара 3,5 милиони евра на
име на неисплатена плата, бонус и камата. Таткото на напаѓачот сега даде
појаснување, вели дека медиумите сакаат да креираат контроверзија и овие
недоразбирања помеѓу двете страни биле од поодамна и дел од тужбата која беше доставена по трансферот во ПСЖ во 2017.
„Пред неколку
месеци бевме во Барселона за да најдеме решение, спорот е од поодамна, ниту ние
сме загрижени, ниту луѓето од Барса. Сигурен сум дека порано или подоцна, ќе падне
договор помеѓу Барселона и Нејмар. Правдата е бавна, ова е нормална работа. Некој
сега само се обидува да креира контроверзија“ – вели Нејмар постариот.
Запрашан за можноста
неговиот син повторно да го облече дресот на „каталонците“, тој додава: „Никогаш
не сме имале лош однос со Бартомеу. Не знам дали Нејмар ќе заигра повторно со
Меси, во моментов е под договор со ПСЖ“.