Таткото на Нејмар ја откри причината за заминувањето на Бразилецот од Барселона

by
2 минути читање

Таткото на Нејмар повторно говореше за сензационалниот
трансфер на неговиот син во француски ПСЖ изминатово лето за рекордна сума од
222 милиони евра, па во интервју за „
Telefoot ги објасни причините за заминувањето на неговиот
син од Барселона, тврдејќи дека парите не биле пресудни.

Неговите пријатели Меси, Суарез, Ракитиќ и Пике
постојано се обидуваа да го убедат да остане во тимот, тоа беше премногу тешко
бидејќи Нејмар навистина сакаше да замине
“ тврди тој.

Сепак, конечната одлука на Нејмар да премине во ПСЖ за
момент била изненадувачка за неговиот татко, кој вели дека парите не биле
пресудни.

Тој го посакуваше овој предизвик и ние го поддржувавме
во тоа. Но, неговата одлука да дојде во Париз за мене беше изненадувачка. Ние
имавме понуда лани но не постигнавме договор, овој пат Париз Сент Жермен понуди
нешто што беше навистина интересно, идејата за освојување на Лигата на
шампионите и лигата премногу му се допадна на Нејма
р“.

Ќе бидам искрен, јас бев тој што се двоумеше до
последниот момент… Му кажав на Нејмар дека треба да биде опуштен, дека е во
релаксирачна зона во Барселона така што најдобро за него е да остане во клубот,
но тој сакаше да си замине, да се стави во опасност, прифати голем ризик…

додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани