Таткото на Моисе Кин: Го знам мојот син, никогаш не би кажал такво нешто…

by
2 минути читање

Таткото на
младата ѕвезда на Јувентус, Моисе Кин одговори на коментарите на неговиот син
на социјалните мрежи, со што фудбалерот посочи дека единствено неговата мајка е
најзаслужна за тоа што е денес, а неговите коментари дојдоа по барањата на
неговиот татко до Јувентус за да се исполнат ветувањата кон него што Моисе е
нивни член.

Прочитав што
напиша, но, не знам зошто мојот син зборува така, тоа воопшто не е лесно да се
објасни, но, некој стои зад сево ова, мојот сон не може да го каже тоа, го
знам, тој е многу тивко момче, некој му влегол во главата…
“ рече Бироу Жан во
интервјуто за Радио 24.

Моисе Кин се дистанцираше од својот татко: Тоа што сум денеска е најмногу благодарение на мојата мајка

Имам чиста
совест, јас сум тој кој го одведе на тренинг во Торино, жалам што работите
тргнаа на начин на кој што тргнаа, како и да е, го знам многу добро и знам дека
тој не може да каже такви работи, не сум го видел седум години, само на ТВ го
гледам“  додаде тој, а потоа се надоврза
и на разделбата со мајката на Моисе Кин, разделба која ја нарече
семејна катастрофа.

Имавме семејна
катастрофа, тоа се приватни работи, знам дека јас секогаш ќе го сакам и тој
исто мене, тој е момче кое јас го изразнав, не и дадов пари на неговата мајка,
но знаете зошто? Бидејќи пред да се разделиме тој веќе беше во Јувентус

истакна Бироу.

Таткото на Моисе Кин го потсети Јуве: Се уште ми должите два трактори

Секогаш бев со
него, јас го одведов на тренинг во Торино, тој никогаш не беше напуштен, тие му
влегле во главата, тој не ја познава приказната со тракторите, неговата мајка
сакаше да го одведе во Англија, Јувентус ми се јави и побара од мене да
овозможам да отиде во тој клуб, јас ги прашав што ќе добијам за возврат, тие ми
рекоа што посакувам, им одговорив дека сум земјоделец, имав подготвувано
проект, потребен ми е трактор за да работам, тие возвратија дека нема никаков
проблем
“ потсети тој на барањата кои ги упатил до италијанскиот шампион за
потписот на Моисе Кин, барања на кои пред неколку денови извести дека се уште
не биле исполнети од тој клуб, кој воедно и го обвини дека повеќе не му ни
одговара на повиците, а интервјуто го заврши на следниот начин
:

Сине мој, јас те
сакам, тоа го знаеш, ми недостасуваш, ќе те чекам во домот да дојдеш и да ги
прославиме двата гола во репрезентацијата на Италија
“ му порача Бироу на својот
син.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×