Таткото на ѕвезда
на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, откри дека Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо
редовно доаѓаат во неговиот ресторан во Манчестер, иако нивното доаѓање често
знае да се совпадне во терминот, тој додава дека секогаш внимава на тоа да не
се сретнат.
Хуан Мануел Мата
е бизнисмен, како и фудбалски агент, го отвори шпанскиот ресторан „Тапео и Вајн“
пред три години, две години откако неговиот син потпиша за Манчестер јунајтед
по трансферот од Челси.
„Пеп Гвардиола доаѓа тука често. Тој доаѓа со
своето семејство, среќен е тука. Жозе Мурињо доаѓа најмалку еднаш во две
седмици. Гвардиола и Мурињо се совпаѓаат понекогаш во термините, но јас секогаш
сакам да бидам сигурен дека тие нема да се сретнат, па така ги ставам во
различни приватни соби“ изјави Хуан Мануел Мата за „Кадења Сер“.
„Гвардиола има
многу добар ресторан во Манчестер, но тој е во сосема поинаков стил од овој,
повеќе е во каталонски стил“ додаде тој.
„Постои голема
фудбалска атмосфера тука, тука не јаде само мојот син, туку исто и Давид Де
Хеа, Андер Ерера и останати фудбалери, овој ресторан е како да имате мал дел од
Шпанија во Манчестер“ заклучи тој.