Mунир Насрауи, таткото на младиот ас на Барселона, Ламин Јамал тешко го поднесе фактот што „Златната топка“ за 2025 година не заврши во рацете на неговиот син, туку кај Осман Дембеле.
Насрауи на свеченоста присуствуваше со целото семејсво на Јамал и очигледно очекувал дека токму неговиот син ќе биде освојувачот.
„Не би кажал декаа е во прашање „кражба“, но направена е морална неправда кон еден човек. Верувам дека Ламин Јамал е најдобриот во светот. Далеку најдобар. Не затоа што е мој син, туку затоа што навистина нема ривал. Тука се случи нешто чудно, но идната година ќе биде шпанска „Златна топка““, порача Насауи.
Јамал на церемонијата втора година во низа го доби трофејот „Копа“ за најдобар млад фудбалер.