Таткото на Халанд го истрола „за сите пари“ новинарот за шпекулацијата со летот за Манчестер (ФОТО)

by
1 минути читање

Таткото на
напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд, на социјалните мрежи имаше објава со која
ги истрола медиумите кои објавија шпекулации дека неговиот син отпатувал за
Англија на средба со Манчестер јунајтед, односно на преговори со тимот од „Олд
Трафорд“.

Норвешки „Афтенбладт“
пренесе дека Халанд од неговото родно место Ставангер имал лет до Манчестер
утрово, нешто за што негираше самиот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар
Солшер за време на пресконференцијата во пресрет на гостувањето кај Ватфорд во
недела во рамките на Премиерлигата.

Тој не доаѓа во
Манчестер, го познавам момчето, а воедно ги познавам и неговите пријатели, тој
е на божиќен викенд, не можете да летате кон секое место од Ставангер, треба да
направите посебна рута
“ им порача Солшер на норвешките новинари кои инаку велеа дека со свои очи го виделе Халанд како се качува на авион.

Подоцна одредени
медиуми известија дека Халанд ќе има викенд за одмор, а ќе патува со рута
почнувајќи од Копенхаген, заедно со својот татко, Алфи, кој на социјалните
мрежи се пошегува на сметка на новинарот кој прв ја објави сторијата за летот
кон Манчестер.

Ајде Стиг
Нилсен, имај нов обид
“ напиша тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×