Таткото на Де Брујне: Клубот му е во срцето, во Манчестер Сити го живее својот сон од детството

by
2 минути читање

Таткото на
ѕвездата на англискиот првак Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, вели дека
неговиот син ужива во животот во тимот на „Граѓаните“, како и го живее сонот од
своето детство, откако Белгиецот прерасна во „мотор“ на составот предводен од
Пеп Гвардиола.

Де Брујне игра
феноменално во дресот на Манчестер Сити, каде направи трансфер од Волфсбург во
2015. година, многумина го нарекуваат „кралот на асистециите“, досега успеа да
постигне 42 погодоци, односно 56 асистенции.

Иако оваа сезона
Белгиецот не е константно на своето ниво како во претходните сезони, неговиот
татко Хервиг говореше за тоа колку неговиот син е значаен за клубот, упати и
пофалби до него поради тоа што игра на големо ниво.

Тој го сака
клубот, во моментов е пресреќен, среќен е поради сите детали од неговиот живот,
местото каде што живее во моментов, клубот, градот, тој го сака Манчестер Сити

вели Хервиг.

Тој додава дека
во нивното семејство постоело верување во големиот потенцијал со кој располага
Де Брујне уште во раната возраст, меѓутоа воопшто не го форсирале да се
прикажува во светло во кое знае и умее на терените, туку оставиле успехот да си
дојде сам по себе, а воедно не очекувале дека Де Брујне ќе достигне до тоа ниво како денешното.

Неверојатно е
чувството кога вашиот син ќе го оствари својот сон од детството, особено во
Англија во едно натпреварување кое тој го обожава, инаку, би споменал и нешто
што се случува вон терените, Кевин постојано е тивок и вон групата, меѓутоа, на
терените секогаш е предводник на групата и се
се сведува на фудбалот“ тврди Хирвиг.

Ние секогаш
знаевме дека тој ќе биде професионален фудбалер, меѓутоа, да бидам искрен,
никогаш не бевме сигурни во тоа дека ќе достигне до едно вакво ниво
“ заклучи
таткото на Кевин Де Брујне во интервјуто за „ТолкСпорт“.

Како и да е, Де
Брујне имаше тежок старт во Премиерлигата, не успеа да се наметне под кормилото
на Жозе Мурињо во Челси во 2014. година, а тоа го стори нешто подоцна во
Волфсбург, по што следеше враќање на Островот во вистински момент за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×