Таткото на Пјетро
Пелегри е добар пријател со тренерот Иван Јуриќ, и неодамна беше ангажиран како
тим менаџер на Џенова.
Но на Пјетро
Пелегри не му требаат врски за да игра. Напаѓачот во април веќе го постигна
својот деби гол во Серија А, кога ја затресе мрежата на Рома на Олимпико имаше
16 години и еден месец.
Вечерва тој за
прв пат доби шанса оваа сезона, и тоа влезе по половина час игра откако се
повреди Сентурион.
Италијанецот
одлично ја искористи шансата, два пати го матираше голманот на Лацио и влезе во
историјата како првиот играч роден во 21 век кој постигнал два погодока на еден
натпревар.
Головите ги
славеше со гордиот татко, Марко кој не можеше да ги сокрие солзите додека го
гушкаше својот син, за кого во „војна“ веќе влегоа Интер, Милан и Јувентус.