204
Во Скопје вчера се играше дербито помеѓу Вардар и Пелистер кое заврши со победа на скопскиот состав од 4-1, но по средбата внимание привлекоа и едни посебни гости на трибините.
Имено, помеѓу фановите на битолскиот состав на трибините беше и малата Теодора со нејзиниот татко кои поминаа речиси 2.000 килоометри од Есен, Германија за да навиваат за Пелистер.
„Теодора заедно со нејзиниот татко Борче патуваа 1959 километри од Ессен Германија до Скопје, само да за го гледаат и бодрат својот Пелистер. Љубовта кон клубот незнае за граници и препреки“, објави Пелистер.