ТАС не ја тргна суспензијата на Атлетико, како тоа тоа ќе влијае врз Манчестер јунајтед, Аренал и Ливерпул?

by
1 минути читање

Лоши вести за Атлетико Мадрид, Диего Симеоне летоска нема да можe да го засили тимот со нови играчи.

„Колчонероси“ добија суспензија од два трансфер периоди од ФИФА поради нерегуларности при ангажман на малолетни лица, и ја обжалија оваа одлука до Судот за спортска арбитража.

По неколку одложувања, ТАС конечно донесе пресуда,  ја одби жалбата на Атлетико, па летоска нема да пристигнат нови имиња во Мадрид.

Оваа одлука веројатно ќе има влијание врз уште неколку клубови.

Забраната веројтно ќе придонесе Манчестер јунајтед да не го купи Антоан Гризман, со оглед на тоа дека Атлетико Мадрид нема да може да најде замена за својот прв играч.

Одлуката на Судот од Лозана пак може да биде поволна за Арсенал и Ливерпул, кои се интересираат за Александре Лаказет.

Напаѓачот на Лион го имаше договорено трансферот во Атлетико, но со забрната на сила летоска, тој нама да може да се пресли во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани