Тарковски со старт „за затвор“ во дербито на Ливерпул (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Џејмс Тарковски се извлече и не доби црвен картон во дербито на Ливерпул во поразот на неговиот Евертон (1-0).

На стартот на оваа премиерлигашка пресметка Тарковски уште во 11. минута остро тргна на топката, ја допре и потоа со отворен ѓон го удри Алексис Мекалистер. Судијата Берот дури гледаше и ВАР снимка, ама одлучи да не ја смени одлуката и жолтиот картон остана.

Иако стартот на Тарковски беше „за затвор“ мечот беше на самиот почеток, па веројатно поради тоа и фактот дека ја допре топката судијата му прости.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани