Таре договори уште една одлична продажба и на Милан му донесе 200 милиони ова лето

by bojan
2 минути читање

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре договори продажба на Ноа Окафор во Лидс вредна над 20 милиони евра и ова лето донесе околу 200 милиони евра во клупската каса.

Клубот од Сан Сиро ова лето го назначи Игли Таре за нов спортски директор и му ја довери реконструкцијата на тимот.

Се чини дека Албанецот заврши одлична работа и донесе околу 200 милиони евра во клупската каса од продажба на играчи.

Најголема продажба му е онаа на Тиџани Рајндерс во Манчестер Сити вредна околу 55 милиони евра плус бонуси, иако многумина веруваат дека „граѓаните“ требале да платат и повеќе за услугите на Холанѓанецот.

Игли Таре успеа да извади 35+5 милиони евра од продажбата на Малик Чао во Њукасл, како и 25 милиони евра од трансферот на Тео Ернандез во Ал Хилал.

Иако се уште нема официјална потврда, повеќе од солидна е продажбата на Ноа Окафор во Лидс во зделка вредна нешто над 20 милиони евра.

Офанзивниот фудбалер не само што не е дел од плановите на Макс Алегри, ќе донесе и убава капитална добивка откако беа потрошени 15,5 милиони евра за негов ангажман.

Сите трансфери на Милан ова лето:

Франческо Камарда (напаѓач – Лече), позајмица со опција за откуп и контра-откуп
Тиџани Рајндерс (среден ред – Манчестер Сити), трансфер – 57 милиони евра плус 15 милиони бонус
Кевин Зероли (среден ред – Монца), бесплатна позајмица (без опција за откуп)
Пјер Калулу (одбрана – Јувентус), трансфер – 14 милиони евра плус 3 милиони бонус
Марко Пелегрино (одбрана – Бока Јуниорс), трансфер – 3,5 милиони евра
Алесандро Флоренци (одбрана), истечен договор
Лука Јовиќ (напаѓач), истечен договор
Тeo Ернандез (одбрана – Ал-Хилал), трансфер – 25 милиони евра
Лапо Нава (голман – Кремонезе), трансфер
Марко Спортиело (голман – Аталанта), трансфер – 1 милион евра
Томазо Побега (среден ред – Болоња), позајмица со опција за откуп која станува обврска под одредени услови – 1 милион евра плус 7 милиони за откуп
Емерсон Ројал (одбрана – Фламенго), трансфер – 9 милиони евра плус 1 милион бонус
Девис Васкез (голман – слободен играч), раскинат договор
Лоренцо Коломбо (напаѓач – Џенова), позајмица со опција за откуп која станува обврска под одредени услови – 1 милион евра плус 9 милиони за откуп
Кристијан Комото (среден ред – Специја), бесплатна позајмица
Матија Либерали (офанзивен играч за врска – Катандзаро), трансфер
Филипо Терачано (одбрана – Кремонезе), позајмица со опција за откуп која станува обврска под одредени услови – 3,5 милиони евра
Ворен Бондо (среден ред – Кремонезе), бесплатна позајмица
Алваро Мората (напад – Комо), позајмица со обврска за откуп под одредени услови – 10 милиони евра
Малик Чао (одбрана – Њукасл Јунајтед), траен трансфер – 35 милиони плус 5 милиони бонус
Виторио Мањи (одбрана – Чезена), позајмица со опција за откуп
Марко Лазетиќ (напад – Абердин), трансфер

Можно е и ова да ти се допаѓа

×