Во рамките на квалификациите за Светското првенство, денеска од 18:00 часот се одиграа уште два натпревара, на кои фаворитите Португалија и Англија стигнаа до очекувани победи против Ерменија, односно Андора.
Португалците лесно ја оправдаа улогата на фаворити, совладувајќи ја Ерменија со убедлива игра, блескаа Кристијано Роналдо и Жоао Феликс, кои постигнаа по два гола, а еден беше дело на Жоао Кансело.
Англија, пак, одигра мирен натпревар против Андора. Иако не доминираа како Португалија, „Гордиот Албион“ рутински стигна до три бода, со по еден гол во двете полувремиња. Првиот беше автогол, вториот го постигна Рајс.
Со овие победи, и Португалија и Англија го зацврстија своето место на врвот во групите.