Тамба останува, Шкендија ќе добие и уште две-три нови засилувања!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири ги негираше информациите дека Тамба ќе замине од клубот и најави уште засилувања до крајот на преодниот рок.

Шкендија ја очекува настап во Европа до крајот на календарската година, па клубот размислува како да го засили тимот.

Во изминатите денови се појавија гласини дека Тамба ќе замине, но тоа нема да се случи.

„Од каде ви се информациите дека Тамба ќе замине, тоа не е точно. Од утре на тренинг ни се приклучува Мазари, а во наредните денови ќе имаме уште 2-3 нови засилувања за кои не сакам сега да зборувам. Сакаме да создадеме што е можно посилен тим за настапот во Европа, но и за домашното првенство“, изјави тренерот Беќири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×