Тамба од Шкупи се пресели во Шкендија

by riste
1 минути читање

Шкендија го промовираше Фабрис Тамба за ново засилување, тетовскиот клуб со овој трансфер го ослбна конкурентот Шкупи.

21-годишниот десно крило од Сенегал, пред почетокот на сезоната пристигна во Шкупи. Во првиот дел од сезоната даде три гола, имаше и една асистенција во 12 настапи.

Сега Тамба од Шкупи се пресели во Шкендија со која ќе се бори за титулата во вториот дел од сезоната.

Фабрис Тамба првите фудбалски чекори ги направи во Португалија, играше како младинец за Ковиља и Беира Мар, а минатата година прејде во Б тимот на прволигашот Брага пред летото да се пресели во Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани