175
Баерн Минхен
стартуваше со убедлива победа од 3-0 на домашен терен над Андерлехт во новата
сезона од Лигата на шампионите.
Интересна
ситуација се одвиваше во 11. Минута од мечот кој се одигра во Минхен.
Левандовски беше срушен во казнениот простор на гостите, по што Кумс заработи
исклучување а гостите уште во раната фаза од натпреварот останаа со играч
помалку на теренот.
Рибери веднаш
дотрча да реагира кон италијанскиот арбитар Талјавенто кој по грешка му го
додели истиот картон како и на Кумс, оној црвениот, а откако ја увиде големата
грешка, го извади жолтиот картон и му го покажа на Французинот поради неговата
реакција.