554
Шкендија потврди дека го раскинува договорот со голманот Давор Талески кој веројатно наскоро ќе се пресели во Вардар.
По две и пол години, Шкендија и Давор Талески ја прекинуваат соработката.
„Шкендија и голманот Давор Талески постигнаа спогодба за раскин на договорот. По две и пол години во црно-црвениот дрес, 29-годишниот голман го напушта клубот за да пронајде средина каде што би имал повеќе простор за играње“, стои во соопштението на Шкендија.
Интерес за Талески имаше од Вардар, големи се шансите во наредните денови тој да се пресели во скопскиот клуб.
Од македонските клубови покрај Шкендија, Талески бранеше и за Пелистер, Брегалница, Победа и Металург. Бранеше и во АЕЛ Ларис, како и во Хонка од Финска.