Талески: На реваншот ќе влеземе како да е прв натпревар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар се во Италија, во пресрет на реванш дуелот од квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита.

На првиот тренинг на италијанско тло зборуваше голманот Давор Талески кој го најави предизвикот.

Во овој натпревар влегуваме како да е прв. Тоа што оставивме добра слика во натпреварот во Скопје е само мотив плус да одиграме уште подобро во четврток и да го запечатиме пласманот во следното коло од овие квалификации. Ова се европски натпревари и без разлика против која екипа играме не смееме да си дозволиме да размислуваме за следниот ривал. Сега сме во Сан Марино и мислиме само на Ла Фиорита против одново ќе дадеме 100% од нашите можности за да ја оствариме нашата цел“, рече Талески.

Вардарци допатуваа во Италија со предност од 3-0 од Скопје. Освојувачот на Купот на Македонија важи за апсолутен фаворит за втората фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×