Шеји кој беше дел од тимот на Струга ТЛ кој испиша клупска историја со пласманот во Европа, во следната сезона ќе го носи дресот на Шкупи.
„Со гордост може да информираме дека постиигнавме договор за тригодишна соработка со еден од најдобрите играчи иво лигата, Блертон Шеји“, соопшти Шкупи.
Шеји вели дека бил импресиониран од амбициите на Шкупи и затоа го одбрал чаирскиот клуб.
„По разговорите со челниците на клубот, бев импресиониран од амбициите кои тие ги имаа за идндината сметав дека сега е вистински момент да се прилучам на овој проект, се надевам дека ќе помогнам клубот да ги оствари зацртаните цели. Голема чест и задоволство за мене е што ќе го носам дресот на Шкупи, ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене“, вели Шеји.
И Струга Трим Лум потврди дека Шеји заминува во Шкупи кој ја платил откупната клаузула. Се верува дека таа изнесува 70.000 евра.