147
Во 10. коло од бугарското првенство играа клубовите од главниот град, Септември Софија ја пречека ЦСКА 1948. Мечот заврши 1-1, но она што го привлече вниманието од овој меч е едно такси кое се појави во 78. минута и направи еден круг, кога дојде до корнер знаменцето, сврте и замина.
Нејасно е кој го повикал таксито, дали некој се качил во него, но видеото стана вирално, а коментарите се: „Неверојатниот свет на бугарскиот фудбал!“, „Ова е Бугарија“, „Вакво нешто може да се случи само во Бугарија“.