Така тоа го прават Германците: Клоп и Тухел на клупата на Маинц за прошталниот натпревар на Новески

by
1 минути читање

Николче Новески, кој во 2015 стави крај на кариерата, помина 11 сезони во Маинц од кои 7 како капитен и одигра 255 натпревари во Бундеслигата, односно 315 во сите натпреварувања.

Тој на 2. септември ќе се прости од верната публика а за спектаклот да биде поголем на кормилото на Маинц се враќаат Јирген Клоп и Тоамс Тухел.

Менаџерот на Ливерпул соработуваше со дефанзивецот од 2004 до 2008.

Томас Тухел исто така добро го познава Николче Новески, заедно соработуваа од 2009 до 2014.

„На 2. септември ќе му бидам тренер на Николче Новески на неговиот проштален натпревар со Маинц. Ти благодарам на поканата Николче! Легенда“ – напиша Томас Тухел на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани