Тајмс открива како Роналдо ова лето за малку не се вратил на Олд Трафорд

by
2 минути читање

На почетокот од
лето често се говорше за заминување на Кристијано Роналдо од Сантијаго
Бернабеу, извештаите велеа дека ЦР7 сака да ги напушти Мадрид и Шпанија по
последните проблеми со даночните власти, кои го обвинија дека затаил 14,7
милиони евра.

Подоцна ова го
потврди и самиот играч во исказот пред судот во Мадрид, каде објаснил дека
размислува за враќање во Англија, каде никогаш немал проблем со законот.

Весникот Тајмс
сега открива дека Португалецот остварил контакт со Манчестер јунајтед за да ги
извести дека сака да се врати на Олд Трафорд и дека Реал Мадрид е отворен да
започне преговори.

Наводно
„Кралевите“ биле подготвени да дадат зелено светло за трансфер вреден 100
милиони фунти, и го идентификувале Килијан Мбапе како негов наследник.

Реал Мадрид се
договорил со Французинот и почнал да ги пегла деталит со Монако за 18 годишниот
напаѓач, но потоа Килијан Мбапе се предомислил и се откажл од зделката. Тој се
исплашил од предизвикот да го наследни легендарниот Кристијано Роналдо, и
стравувал дека нема да може да го издржи притисокот.

Но сторијата на Тајмс
не звршува тука, весникот открива дека шампионот на Шпанија и Европа потоа се
насочил кон план Б кога Килијан Мбапе им кажал како се чувствува. Тие решиле да
го понудат Герет Бејл на Манчестер јунајтед и на тој начин да отворат место во
тимот и да обезбедат финансии за зделката, но Велшанецот не сакал да слушне за
преселба на Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани