Тајландски клуб се прости од Србинот, а тој со навредлив коментар го украде шоуто! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Партизан, Немања Николиќ, на необичен начин се раздели со тајландскиот Бурирам Јунајтед.

Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари за соработката, но Николиќ во коментарите возврати со навредлива порака, која брзо привлече големо внимание. Бурирам се обиде коректно да се прости од фудбалерот кој ниту еднаш не настапи за тимот поради правилото за ограничен број странци, но ситуацијата излезе од контрола.

Николиќ во Бурирам помина само два и пол месеци, а во кариерата настапуваше за голем број клубови. Во два наврати беше дел од Партизан, по што и се пресели во тајландскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×