Фиорентина утрово соопшти тажни вести, на 76 годишна возраст почина првиот човек на клубот, Роко Комисо.
Фиорентина тагува… клубот од Фиренца објави дека починал претседателот Роко Б. Комисо, централна фигура во поновата историја на „виолетовите“.
На чело на клубот во последните седум години, бизнисменот од САД остави длабока трага во Фиорентина преку својата посветеност, блискиот однос со навивачите и визијата насочена кон иднината.
„По долг период на лекување, нашиот сакан претседател почина, денеска сите тагуваме поради неговото заминување“ – се вели во дел од соопштението.
Роко Комисо ја купи Фиорентина од семејството Дела Вале во 2019, зделката се проценуваше помеѓу 150 и 170 милиони долари.
Во неговиот мандат како претседател на „виолетовите“, тој вложи огромни напори за изградба на нов стадион, но се посочи со пречките на италијанската бирократија.
На крајот, Роко Комисио успеа да изгради нов тренинг центар, еден од најголемите и најмодерните во Европа.
ФОТО: X/ACF Fiorentina