Тага во аргентинската репрезентација по повредата на Ланцини, и капитенот на Гаучосите во очај (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Аргентина
никако да и тргне според планот, селекцијата на Сампаоли иако требаше да одигра
контролка со Израел како последен и пред се
квалитетен тест пред стартот на Светското
првенство, до тоа не дојде, а стигна и нова лоша вест од таборот на оваа селекција.

Пред самиот старт
на Мундијалот со повреда се здоби Мануел Ланцини, тој
ги повреди вкрстените лигаменти, па сигурно го очекува подолга рехабилитација.

Во екот на
последната фаза од подготовките, еве каква беше атмосферата во тимот на
Гаучосите по повредата на фудбалерот на Вест Хем, а тоа го загрижи и капитенот
на тимот, Лионел Меси кој не го криеше своето разочарување…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/vOC0C483UB

Аргентина својот
прв меч на Мундијалот во  Русија го игра
на 16 јуни против Исланд, а за противници во конкуренцијата „Д“ ги има и
Хрватска и Нигерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани