Tрагедија во Германија: Загина тренер на Ајнтрахт!

by Стефан
1 минути читање

Oд редовите на Ајнтрахт Франкфурт ja потврдија тажна вест дека тренерот на тимот до 19 години, Хелге Раше го загубил животот во собраќајна несреќа.

Информацијата за трагичната смрт ја потврди Ајнтрахт преку социјалните мрежи.

„Уништени сме од загубата на нашиот тренер до 19 години, Хелге Раше. Загина во страшна сообраќајна несреќа во четвртокот. Нашите мисли се со неговото семејство“, објави германскиот тим.

Германскиот медиум објави дека Раше во северозападниот дел на Франкфурт излетал од патот и удрил во дрво, а тој починал на лице место.

На младинскиот тим на Ајнтрахт му се приклучи во 2020 година, прво го водеше тимот до 17 години, потоа и селекцијата до 19 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани