СВР – Тетово најави кривични пријави за навивачите на Шкендија кои влегоа на стадионот

by
0 минути читање

Мечот беше во прекин 20тина минути додека полицијата не ги избрка навивачите. А од СВРТ – Тетово најавија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против оние кои влегоа во стадионот.

„Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“ – информираат од тетовската полиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×