Свирежите од цел Бернабеу како да не беа малку, транспарентот со кој фановите на Реал му вратија на Бејл со камата (ФОТО)

by
1 минути читање

Ако Герет Бејл
мислеше дека ќе помине лесно по славјето со знамето на кое пишуваше „Велс. Голф.
Мадрид… По тој редослед“
очигледно се излажал. Фановите на Реал не простуваат
и најавија што го чека уште пред почетокот на синоќешниот натпревар со Реал
Сосиедад.

Кога спикерот го
читаше составот на „кралевите“, публиката се огласи со свирежи кога на ред
дојде името на Герет Бејл.

Реакцијата беше
побурна кога Велшанецот влезе во игра во второто полувреме. Младиот Родриго
доби овации кога го напушти теренот, а Бејл свирежи од цел Бернабеу.

Бонус беше
транспарентот кој се појави на трибините и на кој пишуваше „Родриго. Винисиус. Лукас. Бејл…. По тој редослед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×