Дефанзивецот не е омилен лик во Шпанија поради неговото јавно залагање за
независнот на Каталонија, а ситуацијата дополнително се влоши по референдумот
кој беше оддржан во неделата.
Жерард Пике во понеделникот доби бура од свирежи и навреди во моментите кога се појави на
тренингот на репрезентацијата на Шпанија.
Се погласни се барањата на фановите играчот да биде исфрлен од националниот
тим, но Жерард Пике нема да го стори тоа.
Како што пренесуваат медиумите, играчот добил поддршка од федерацијата,
селекторот и соиграчите па ќе продолжи да го носи дресот на „Црвената Фурија“.
Извештаите велат дека во соблекувалната имало разговор како да се спречи
ескалација на проблемите во пресрет на клучните натпревари во квалификациите, а
наводно и Серхио Рамос застанал зад Жерард Пике.