Босна и
Херцеговина одигра реми без голови во дуелот со Грција на домашен терен во шестото коло од
квалификациите за СП Русија 2018.
Сепак, резултатот
и играта од овој натпревар останаа во сенка, на прво место се најдоа тешките инциденти по мечот во Зеница, исто така и свирежите упатени на интонирањето на
грчката химна пред стартот на натпреварот.
Ова е одговор на
босанските навивачи на тоа што се случи во Пиреја каде резултатот на првиот меч
помеѓу овие две селекции заврши исто така нерешено, но со резултат 1-1. На мечот во
Пиреја беше исто така тензично, беа доделени дури 12 жолти и 2 црвени картони.
По немилите
настани во Зеница, селекторот на БиХ, Мирослав Блажевиќ – Чиро, истакна дека
ова се сцени на балканскиот примитивизам.
Grčka – BiH — Haos na tribinama (13.11.2016) by mediabh
Grčka – BiH — Džeko skinuo šorc Grku, haos na… by mediabh
Се чини дека
Грција и Босна и Херцеговина ќе водат голема битка за второто место на табелата
во групата „Х“, Грција со бод предност (12) се наоѓа на второто место веднаш
пред својот конкурент на шест кола до крајот на квалификациите.
Фото-вест: UEFA