Свирежи за Данска и Франција, срамно реми без голови! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многумина стравуваа дека Данска и Франција ќе одиграат договорено реми бидејќи тој резултат им одговара и на двете селекции. Данците ќе се пласираат во осминафинале, а Французите ќе го задржат првото место.

Не само што се остварија прогнозите, туку на натпреварот немаше ниту една сериозна шанса за гол. Главно се играше во средината на теренот, имаше по некој обид кој беше лесен плен за голманите.

Откако навивачите на стадионот сфатија што се случува, почнаа да им свират на актерите на теренот кои глумеа дека играат регуларен натпревар.

Во вториот натпревар од оваа група Перу ја победи Австралија со 2-0. Австралијанците беа тие кои се уште имаа шанси, Перуанците беа отпишани но одиграа за гордост и победија.

Резултатот го отвори Кариљо во 18. минута, а Гереро во 50. ги постави конечните 2-0 за Перу.

Франција заврши како прва во групата Ц со седум освоени бодови, Данска втора со пет, Перу е трет со три, Австралија последна со еден бод.

Данска – Франција 0:0

Австралија – Перу 0:2

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани