427
Бенфика загуби минимално од Манчестер јунајтед на домашен
терен во третото коло од групата „А“, а голот за гостите дојде при една
кардинална грешка на младиот 18 годишен чувар на мрежата на Португалците, Миле
Свилар.
Рашворд упати центаршут од голема далечина во 64. Минута,
а истиот одеше во голот на домаќините, при што Свилар не реагираше соодветно.
По мечот, Белгиецот кој стана најмладиот учесник како
голман во Лигата на шампионите и го надмина Икер Касилјас, се извинуваше до
навивачите на Бенфика, а го тешеше неговиот сонародник, Ромелу Лукаку.