Светот ни се смее: Срамот од Ѓорче стигна и до светските медиуми (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Стефан Костов на синоќешниот меч против Македонија Ѓорче Петров направи срамен потег откако со топка во рака трчаше по противничкиот фудбалер и кога не можеше да го стигне ја фрли топката за да ја прекине акцијата. Невиден случај до сега, доби директен црвен картон, а тој и неговите соиграчи дури имаа и доблест да се бунат на судиската одлука.

Циркузот од Ѓорче Петров синоќа беше актуелен во Македонија, на Балканот, а преку „редит“ почна да се шири насекаде во светот.

И шпанскиот медиумски гигант „АС“ го објави видеото и напиша: „Прва лига во Македонија: Една од најголемите глупости некогаш видени на еден фудбалски терен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×