Шведските медиуми удрија по Арнасон, исландскиот арбитар на мета по остриот прекршок на Барсегјан (ФОТО)

by
2 минути читање

Вардар одигра 1-1 на гостувањето кај Малме во првиот меч, па така реванш натпреварот наредниот вторник во Струмица ќе го реши патникот во следната фаза од квалификациите во Лигата на шампионите.

Дел од шведските
медиуми пишуваат на големо за опасниот старт на Ерменецот Тигран Барсегјан над
дефанзивецот на шведскиот првак, Момоду Конате кој 12 минути по стартот на
фудбалерот на Вардар, беше заменет.


Барсегјан за
невнимателниот старт заработи жолт картон од главниот делител на правдата на
мечот во Малме, Торвалдур Арнасон, по мечот исландскиот арбитар се најде на
мета на дел од шведските медиуми.

Треба да биде
среќен што заработи само жолт картон
“ пишува во насловот на „Експресен“
,
инаку медиумот го пренесе коментарот
на коментаторот на „Виасат“, ТВ куќата која го пренесуваше мечот низ директен
пренос.

Во 63. минута Николов
погоди за водство на Вардар, но Малме во 75. минута преку Брорсон извлече реми
на овој натпревар а можеше да дојде и до победа откако во самиот финиш од
средбата имаше удар во пречката од голот на нашиот претставник.

Головите од мечот во Малме можете да ги проследите – ТУКА.

Извор/Фото:
expressen.se

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани