Шведски медиуми: Мбапе е под истрага за силување!

by bojan
2 минути читање
Мбапе

Медиумите од Шведска пишуваат дека Килијан Мбапе е под истрага за силување откако девојка поднела пријава во полиција и ја посочила ѕвездата на Реал Мадрид како лицето од кое била нападната.

Килијан Мбапе минатата недела креираше бура откако се забавуваше во Стокхолм додека Франција играше против Израел во Лигата на нации.

Напаѓачот вчера одново се најде во фокусот на јавноста откако беше објавено дека полицијата од Стокхолм спровела истрага во хотелот во кој престојувал Килијан Мбапе по пријава за силување.

Самиот фудбалер веднаш се огласи на социјалните мрежи, порача дека ова се „фејк вести“ и посочи дека информациите случајно или не, пристигнуваат во пресрет на рочиштето во спорот со ПСЖ, и обидот да си наплати долг од 55 милиони евра.

Сепак, медиумите од Шведска не само што продолжија со приказната, отидоа и чекор понапред, весникот Експресен објави дека токму Килијан Мбапе е под истрага за силување и сексуален напад.

Наводниот инцидент се случил ноќта во четвртокот кон петокот, а девојката прво била во болница каде и биле константирани физички повреди, а потоа и во полициска станица каде дала изјава и споделила детали за целиот настан. Таа ја посочила ѕвездата на Реал Мадрид како лицето од кое била нападната.

Па во понеделникот била отворена истрага од скандинавските власти и полицијата извршила претрес во хотелот со цел да прибере материјални докази и да разговара со сведоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани