Шведска со доза на среќа ќе патува за Милано со предност од 1-0 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во интересен натпревар на Френдс Арена во Стокхолм, Шведска славеше со 1-0 над Италија.

Домаќините со доза на среќа ќе патуваат за Милано со еден гол предност.

Херој на Швеѓаните е Јакоб Јохансон, неговиот удар во 61. минута се одби од еден играч на Италија и го измами Џиџи Буфон.

„Аѕурите“ по негативата силно притиснаа по изедначување. Гостите креираа неколку шанси, Дармијан ја погоди стативата, но мрежата на Шведска остана незатресена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани