Шведска е подобра од Швајцарија, оди во четвртфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шведска е претпоследниот четвртфиналист откако денеска за еден гол беше подобра од Швајцарија.

Шведска беше подобар противник во најголемиот дел од натпреварот, особено пред постигнувањето на единствениот погодок.

По неколкуте пропуштени шанси, Форсберг погоди во 66. минута и донесе водство од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во продолжението од мечот Швајцарија нападна, но јалови беа нападите, Шведска одлично се бранеше и не му даваше на противникот да креира шанси.

Во 94. минута, судијата Скомина свирна пенал за Шведска и му покажа црвен картон на Ланг кој направи фаул како последен играч во одбраната. Но по консултација на ВАР судијата се увери дека прекршокот е надвор од 16 метри и Швеѓаните добија слободен удар кој не го искористија.

На крајот тие заслужено одат во четвртфиналето каде што ќе играат со подобриот од мечот меѓу Колумбија и Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани