Шпанската полиција објави нови детали поврзани со сообраќајната несреќа во која трагично загина португалскиот репрезентативец Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Истражителите откриваат дека непосредно пред трагедијата се слушнале дури две експлозии, првата поради пукната гума, а втората настанала кога се запалил резервоарот за гориво, соопшти портпаролот на локалната полиција во провинцијата Самора.
Несреќата се случила во ноќта меѓу средата и четвртокот на автопатот А52 во Шпанија. Според информациите, напаѓачот на Ливерпул и португалската репрезентација се наоѓал на совозачкото место во луксузниот автомобил „Ламборџини“, управуван од неговиот 25-годишен брат. Диого патувал по копно поради неодамнешна операција на белите дробови, која го спречила да користи авион. Целта им била да стигнат до траектот кој требало да ги однесе кон Англија.
Гумата на автомобилот пукнала во моментот кога возилото на фудбалерите се обидувала да престигне друго возило.
Телата на двајцата браќа беа погребани во саботата во нивното родно место во Португалија, каде што се собраа семејството, пријателите и голем број навивачи кои дојдоа да им оддадат последна почит.