386
Пред денешниот натпревар меѓу Наполи и Аталанта, нашиот Елиф Елмас беше во центарот на вниманието.
На Елмас му беше врачен дрес во рамка со бројот 200 и неговото презиме. Тоа е поради јубилејната бројка на 200 настапи во дресот на Наполи за него.
До таа бројка стигна минатото коло на мечот против Болоња.
Елмас беше член на Наполи од 2019 до 2024 кога замина за Лајмпц, но ова лето повторно се врати.