Швајнштајгер пронајде нов клуб

by
1 минути читање

Бастијан Швајнштајгер се сели во МЛС, ќе игра за Чикаго Фајр кој му понудил едно годишен договор со плата од 70.000 фунти неделно, што го става меѓу десетте најплатени во американската лига.

Клубовите го договориле трансферот на Швајни, останува уште фудбалерот да отпатува во Чикаго, да ги комплетира медицинските прегледи и да го потпише договорот.

„Во мојата кариера секогаш сум сакал можности каде што можам да имам позитивно влијание за да помогнам за остварување на нешто големо“ – вели Швајнштајгер за официјалниот сајт на Чикаго Фајр.

„Мојот трансфер во Чикаго не е поинаков. Преку муабет со Нелсон Родригез и Вељко Пауновиќ, уверен сум за визијата и филозофијата на клубот и сакам да им помогнам во овој проект“.

Швајштајгер во 2015 пристигна во Манчестер јунајтед за 14,5 милиони фунти по барање на Ван Гал, но со доаѓањето на Жозе Мурињо беше исфрлен од првиот тим, потоа се врати, одигра неколку натпревари, но недоволно за играч од негов калибар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани