Португалија и
Македонија во вторник ќе се борат за место на мундијалот во Катар, домаќините
ќе важат за огромни фаворити но избраниците на Боби Милевки покажаа дека не
треба да се потценуваат откако синоќа ја шокираа Италија и со 0-1 го совладаа
актуелниот европски шампион во Палермо.
Поранешниот
германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер ја предупредува Португалија и
потсетува дека Македонија славела и против Германија, па очигледно се работи за
тежок противник.
Легендата на
Баерн, пред почетокот на мечот во Палермо најави дека ќе навива за „аѕурите“, а
откако Македонија славеше, тој напиша: „Очигледно вчера не им донесов среќа, Италија
извини. Македонија минатата година ја совлада и Германија… тежок противник.
Португалија треба да внимава“.
Okay, seems like I didn’t bring too much luck yesterday, sorry Italy
North Macedonia has also beat Germany last year… a tough team. Portugal should be warned. https://t.co/6zeH0oqduC— Bastian Schweinsteiger (@BSchweinsteiger) March 25, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.