Швајцарски навивачи го утнале градот па не го гледале мечот со Бразил, грешка од 1281 километар

by
1 минути читање

Групата швајцарски навивачи резервирале хотел во погрешен град. Наместо во Ростов на Дон каде што играа Бразил и Швајцарија, тие отишле во Ростов Велики кој е одалечен 1281 километар од вистинската локација.

Откако приметиле дека во градот кој пристигнале нема никаква навивачка атмосфера, се распрашале на рецепција, а таму прво добро им се изнасмејале, па им објасниле.

„Вие сте во Ростов, но во Ростов Велики. Вашата репрезентација не игра во овој град, туку во Ростов на Дон. Тоа е некои илијада километри јужно од тука“, им рекол рецепционерот.

Швајцарците не можеле брзо да се префрлат во вистинскиот град па го пропуштиле големиот меч на нивната репрезентација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани