Швајцарија и Хрватска ги обезбедија билетите за Светско

by
1 минути читање

Хрватска со убедливи 4-1 ја победи Грција во Загреб, па беше јасно дека на Грците им е потребно само чудо за да направат пресврт.

Денешниот реванш натпревар не понуди речиси ништо. Единствената шанса ја имаше Хрватска кога во 43. минута Перишиќ ја погоди стативата.

Немаше голови ниту на натпреварот помеѓу Швајцарија и Северна Ирска. Контроверзниот пенал во првиот дуел се покажа како решавачки за патникот на мундијалот.

Утре се игра натпреварот помеѓу Италија и Шведска во кој гостите ќе влезат со предност од 1-0, за вторник е закажана пресметката помеѓу Ирска и Данска, немаше голови на првиот нивни дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани