Сусо: Заслуживме реми

by
1 минути читање

Милан благодарение на погодок на Сусо во 85. минута дојде до нерешени 1-1 на гостувањето кај Лацио.

„Почнавме лошо. Лацио играше добар натпревар, ниту еден тим не сакаше да загуби. Тие постигнаа гол пред самиот крај на првото полувреме“ – вели Сусо.

„По одморот ние дадовме се од себе да дојдеме до изедначување а тоа му отвори простор на Лацио кој создаде неколку одлични шанси за гол“.

„На крајот ние постигнавме погодок и го заслуживме овој бод“.

„Јасно е дека треба да се подобруваме, но ќе направиме се за да одиме во Европа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани