Милан потешко од
очекувањата славеше над Каљари, но најважно за Монтела е тоа што трите бода
останаа во Милано.
Младиот Кутроне доби шанса пред Андре Силва и Никола Калиниќ и за укажаната
доверба одговори со гол во 10. минута за водство на домаќините од 1-0.
Но грешката на
Кеси на стартот од вториот дел придонесе Жоао Педро да изедначи на 1-1 и да ги
стави во проблеми „росонерите“.
Сепак, Сусо со прекрасен погодок од слободен удар во 70. минута го врати Милан
во водство и ги обезбеди трите бода.
Наполи на
полувремето од дуелот со Аталанта имаше негатива од 0-1, Кристанте ги донесе
гостите во водство на Сан Паоло, но избраниците на Сари беа фантастични во
вториот дел и направија комплетен пресврт.
Зилински изедначи на 1-1 во 56. минута, а по една одлична акција пет минути
подоцна, Мертенс донесе предност од 2-1.
Рог во 87. минута
ги реши сите дилеми околу победникот и ги постави конечните 3-1.
Торино со 3-0
славеше над Сасуоло, Лацио со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Киево, а со
ист резултат Сампдорија победи во Фиренца кај Фиорентина. Спал со 3-2 го
совлада Удинезе додека на средбата помеѓу Кротоне и Верена немаше погодоци.