Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд лансираше свој канал на Јутјуб и во своето прво видео откри како изгледа еден негов ден.
Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма на почетокот од новата сезона постигна неверојатни 24 погодоци на само 14 натпревари за Манчестер Сити и Норвешка.
Тој сега реши да го сподели рецептот за успехот, го лансираше својот канал на Јутјуб и откри како изгледа еден негов ден.
„Луѓето секогаш ги гледаат головите и прославите – но не и часовите посветени на подготовките. Ова видео ги покажува малите детали: рутините, храната, опоравувањето. Тоа сум јас, надвор од теренот и се надевам дека луѓето ќе уживаат“ – вели Халанд.
Денот му започнува со шоља кафе која тој ја нарекува „супер храна… доколку ја подготвите на правиот начин“. Во неговиот рецепт има јаворов сируп и сурово (непастеризирано) млеко, според него, го прави кофеинот „попријателски за телото“. Појадокот се состои од јајца и леб без квасец, доставен истиот ден од локална пекара.
Веднаш потоа пристигнува физиотерапевтот на Манчестер Сити со кој Ерлинг Халанд работи на флексибилноста на колковите и препоните.
„Морам да бидам флексибилен за да ги давам овие луди голови“ – вели со насмевка напаѓачот.
На пат кон тренинг, Ерлинг Халанд застанува во една локална фама, каде што купува сурово млеко, мед и квалитетно месо – томахавка стекот и рибај му се главни пикови.
„Сакам стекови со добра маснотија – тие се највкусни“ – објаснува Норвежанецот.
По тренинг со соиграчите, Ерлинг Халанд се враќа дома и почнува да го подготвува стекот, но пред да седне да јаде, има сесија за опоравување, прво ледена бања а потоа сауна.
„Без ова, телото не може да се опорави на вистински начин“ – вели голгетерот, кој ова го практикува 4-5 пати неделно.