Сурови 5 минути и ВАР лудило, Германија славеше против Данска со 2-0 (ВИДЕО)

by bojan
3 минути читање
Мусиала

Домаќинот Германија се пласираше во четвртфинале на Европското првенство, Хаверц и Мусиала донесоа триумф од 2-0 над Данска.

Пресметката помеѓу Германија и Данска во Дортмунд, донесе прекин поради лошите временски услови, ВАР лудило и славје на „панцерите“.

Откако во првиот дел не беа искористени неколку добри шанси на двете страни и беше поништен гол на Шлотерберг, Данска се израдува на водство од 0-1 на стартот од вториот дел, Андерсен погоди по една мешаница во шеснаесетникот на Германија.

Сепак, ВАР се огласи и го поништи голот поради милиметарски офсајд на Делејни, кој беше во недозволена позиција со врвот на копачката.

Фудбалот покажа колку е суров само 5 минути подоцна, кога ВАР одново се огласи, Андерсен играше со рака и беше досуден пенал. Хаверц превзеде одговорност и донесе 1-0 во 53. минута од мечот.

По еден час игра, напаѓачот на Арсенал можеше да се прослави откако мајсторски прими една топка и излезе сам пред голманот, но лошо се обиде да префрли преку Шмајхел и само се избрука.

Но во 68. минута Мусиала покажа како се финишира, доби топка во фор и прекрасно пласираше на подалечната статива за 2-0.

Во финишот од мечот Вирц реализираше и за 3-0, но и овој гол беше поништен поради офсајд. Пред последниот свиреж на судијата, Хаверц имаше уште една шанса, но Шмајхел му спречи нова радост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани